Macedonian Stock Exchange

Macedonian Stock Exchange

FLASH

06.09.2010 10:17:22

Последни вести


Комерцијален оглас
 

Дневни листи

УСЛОВИ ЗА КОТАЦИЈА


Општи услови кои се однесуваат на издавачот
 

1.
Издавач може да биде трговско друштво, Република Македонија, државна институција или единица на локалната самоуправа. Доколку се работи за издавач кој е трговско друштво, истото мора да биде регистрирано во Република Македонија и да работи во согласност со законските прописи.
2.
Издавачот, како и неговата дејност, мораат да бидат погодни за котација според мислењето на Берзата. Берзата треба да има информации дека постои доволен интерес за хартиите од вредност за кои се бара котација.
3.
Друштвото што за првпат бара котација треба да има соодветно искуство и углед во дејноста.
4.
Издавачот е должен да има изготвено ревидирани годишни финансиски извештаи за периодот кој е наведен во Посебните услови за котирање на акции.

 
 
Општи услови кои се однесуваат на хартиите од вредност
 

1.
Хартиите од вредност за кои се бара котација на Берзата, согласно актот за издавање, треба да бидат целосно уплатени и неограничено преносливи.
2.
Кога се поднесува барање за котација на официјалниот пазар за било кој род хартии од вредност, барањето мора да се однесува на сите хартии од вредност од тој род.
3.
За секоја наредна емисија на хартии од вредност од ист вид како оние што се веќе котирани, издавачот ја известува Берзата за степенот на реализација на новата емисија.
4
На котација на Официјалниот пазар на Берзата може да бидат примени и хартии од вредност кои се конвертибилни во друг вид на хартии од вредност.

 
  
Посебни услови за котирање на акции
 
За одредени акции да можат да бидат внесени на Супер котација, издавачот треба да ги исполни следните услови:
 
1.
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
ревидирани финансиски извештаи за последните три години
2.
Финансиски резултати
остварена добивка најмалку во последните три години
3.
Основна главнина или Пазарна капитализација
најмалку 10.000.000 евра
4.
Распространетост на родот на акциите во јавноста
најмалку 20%
5.
Број на акционери
најмалку 200
6.
Интернет страница
Издавачот треба да поседува сопствена интернет страница, на Македонски и Англиски јазик
 
Распространетоста на најмалку 20% од акциите од одреден род треба да биде во сопственост на најмалку 200 акционери. При пресметката на процентот од горниот став, се изземаат акциите што ги поседуваат:

a)
членовите на органите на управување на издавачот, доколку поседуваат над 5% од родот на акции
б)
позначителни акционери (индивидуални или институционални) со над 10% сопственост на родот на акции и
в)
акциите во сопственост на Република Македонија и државни институции, доколку поседуваат над 10% од родот на акции.

 
 
За одредени акции да можат да бидат внесени на Берзанска котација, издавачот треба да ги исполни следните услови:
 
1.
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
ревидирани финансиски извештаи за последните две години
2.
Основна главнина
најмалку 500.000 евра
3.
Распространетост на родот на акциите во јавноста
најмалку 15%
4.
Број на акционери
најмалку 100
 
На Берзанска котација може да биде примен и издавач кој нема ревидирани финансиски извештаи за последните две години, доколку во последната година има издадено хартии од вредност по пат на јавна понуда.
 
Распространетоста на најмалку 15% од акциите од одреден род треба да биде во сопственост на најмалку 100 акционери. При пресметката на процентот од горниот став, се изземаат акциите што ги поседуваат:
 

a)
членовите на органите на управување на издавачот, доколку поседуваат над 5% од родот на акции,
б)
позначителни акционери (индивидуални или институционални) со над 10% сопственост на родот на акции и
в)
акциите во сопственост на Република Македонија и државни институции, доколку поседуваат над 10% од родот на акции.

 
Посебни услови за котација на обврзници
 
За котација на обврзници, издавачот треба да ги исполни следните услови:
 
1.
Вистинитост и објективност на финансиските извештаи
ревидирани финансиски извештаи за последните три години
2.
Вкупна номинална вредност на реализирана емисија
најмалку 500.000 ЕВРА
3.
Процент на обврзници во јавноста
најмалку 25%
4.
Број на сопственици на обврзниците
најмалку 50
 
Обврзниците за кои издавач е Република Македонија, државна институција или Народната Банка на Република Македонија и обврзници за кои издала гаранција Република Македонија, се внесуваат на котација на Официјалниот пазар.

Последната верзија на Правилата за котација може да ја прегледате тука...


Условите кои треба да се исполнат за котација на официјалниот пазар на Берзата важат, како за издавачи кои првпат бараат котирање, така и за издавачи чии акции се веќе котирани на Берзата. Берзата може во конкретни случаи да поставува и дополнителни услови за котација како и посебни услови за котација на некој од пазарните подсегменти на берзата. Берзата во исклучителни случаи може да прифати на котација на Официјалниот пазар и издавачи со помала големина на капиталот, помал број на акционери или помал процент на акции во посед на јавноста од пропишаните, доколку оцени дека пазарните карактеристики на издавачот тоа го овозможуваат и дека има потенцијал за тргување со хартиите од вредност за кои се бара котација.